Владата на 4 февруари донесе одлука да го преименува скопскиот аеродром „Александар Велики. Новото име ќе биде Меѓународен аеродром Скопје.
Се менува и името на автопатот „Александар Велики" во „Пријателство".
Промената на името на аеродромот и автопатот беше најавено од премиерот Зоран Заев на 24 јануари по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос.
Фото: Роберт Атанасовски