ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ

Нападнат и повреден градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам

Елвис Бајрам, градоначалникот на Шуто Оризари, попладнево бил нападнат и повреден додека одржувал средби со граѓаните како дел од предизборната кампања. Од крвничкото тепање Бајрам паднал во бесознание. Насилниците побегнале, а екипа на Брзата помош констатирала тешки повреди и тој веднаш бил одвезен во Градската општа болница „8-ми септември“.

Директорот на ГОБ„8-ми септември“ вели дека Бајрам има осекотина која е санирана, нема скршеници, нема потрес и нема други повреди и дека Бајрам уште вечерва ќе биде пуштен дома.

Тој за време на нападот бил на митинг, кога некој одзади го удрил со метална шипка и од ударот има поведа на челото и дел од главата.

Бајрам зад себе има два градоначалнички мандати во Шуто Оризари, а на овие локални избори се бори за третиот.

Фото: Алсат М

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе