Најмногу дожд наврна во Лазарополе, 10 литри на метар квадратен

Најмногу дожд ноќеска и вчера наврнал во Лазарополе – 10 литри на метар квадратен, во Маврово пет, во Претор четири, во Охрид три, а во Штип и Куманово два литри на метар квадратен. Како што соопшти Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР), преку ноќта беше умерено до значително облачно, по котлините магливо. Најстудено било во Лазарополе, каде се измерени нула степени, а во Струмица, Виница и Берово само еден степен, а најтопло во Демир Капија и Дојран – шест степени.

Претпладнево времето е со магла или ниска облачност по котлините, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во југоисточните делови повремено умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне 12 степени.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе