АМСМ

На граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека до половина час

На граничниот премин „Богородица", за излез од државата се чека од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ЈП Македонија пат известува дека патниот правец с. Истибања – брана Калиманци е затворен за сообраќај за сите категории на возила со записник. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.

За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница – Бигла – Делчево, а за тешки товарни возила преку Виница – с.Смојмирово – Делчево.

АМСМ највува дека од понеделник, 29 јули, до среда, 31 јули, на Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што ќе се изврши затворање на патот во времетраење од 09 до 18 часот.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе