Прифатена претставката

На девојка и забраниле да влезе со хиџаб во ресторан во Скопје, Хелсиншки утврди дискриминација

Kомисијата за заштита од дискриминација, постапувајќи по преставка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, утврди дискриминација врз основа на религија и верско уверување врз девојка која носела хиџаб во пристап до ресторанот „Портофино Остериа и Бар“ од Скопје,

На 14 септември 2018 година до Хелсиншкиот комитет за човекови права се обратила странка која пријавила дискриминација врз основа на религија и верско уверување во пристап до ресторанот. Странката заедно со две пријателки се обидела да влезе во ресторанот каде што пристапот им бил ограничен со објаснување дека без резервација не може да бидат услужени.

Во моментот кога се обиделе да влезат во ресторанот, образложуваат од Хелсиншкиот комитет, странката носела хиџаб, додека нејзините пријателки не. Лицата го напуштиле ресторанот каде што десетина минути подоцна една од пријателките на странката се вратила и без никаков проблем добила маса без претходна резервација. Таа пробала да дознае зошто не ѝ бил дозволен пристап во ресторанот на нејзината пријателка која носела хиџаб и дали ресторанот им забранува пристап на жени и девојки кои носат хиџаб, на што не добила одговор и си заминала.

„Хелсиншкиот комитет за човекови права за овој случај поднесе претставка до Комисијата за заштита од дискриминација, а Мрежата за заштита од дискриминација ја повика Комисијата во рамките на своите овластувања да го истражи случајот. Во одговор на овие барања, Комисијата за заштита од дискриминација на 28.12.2018 донесе мислење бр. 0801-307/5, со кое утврди директна дискриминација врз основа на религија и верско уверување во пристап до добра и услуги. Комисијата за целосно утврдување на фактичката состојба поднела барање за изјаснување до ресторанот, но не добила повратен одговор.

КЗД побара од ресторанот да ја отстрани повредата на правото на странката, во рок од 30 дена од приемот на мислењето и препораката и понатаму да не врши дејствија на дискриминација. Доколку ресторанот не постапи по препораката, односно не ја отстрани повредата на правото, Комисијата има право да покрене иницијатива пред надлежен орган за утврдување на одговорност.

Го поздравуваме ваквото мислење на Комисијата за заштита од дискриминација и апелираме до сите правни лица кои обезбедуваат јавни добра и услуги истото да го прават без дискриминација, почитувајќи го правото на еднаквост на сите лица. Воедно, ги повикуваме и ги охрабруваме сите лица кои се почувствувале дискриминирани пo која било основа во пристапот до добра и услуги да го пријават тоа и да побараат правна помош", информираат од Хелсиншкиот комитет.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе