На Блаце не се пропуштаат возила, сообраќајот е во прекин поради одрон
Сообраќајот кон Граничен премин Блаце е во прекин во двата правца поради одрон во близина на местото Вражји Вир и не се пропуштаат возила на преминот, информираат од АМСМ.
„На патот кон ГП Блаце има одрон во близина на местото викано Вражји Вир. Сообраќајот е во прекин во двата правца. На граничниот премин не се пропуштаат возила бидејќи кај местото на одронот сѐ уште не е проодно“, соопшти АМСМ.
Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.