Случај „Тенк“

На 23 мај Груевски ќе ја чуе првата судска пресуда за постапките на СЈО

За 23 мај судијката Добрила Кацарска го закажа соопштувањето на одлуката за случајот „Тенк“ во кој на поранешниот премиер, Никола Груевски и на поранешниот помошник министер, Ѓоко Поповски им се суди за нелегалната набавка на луксузниот мерцедес. По неколкучасовното рочиште во кое завршен збор дадоа СЈО, обвинетите и нивните адвокати судот одлучи пресудата да ја закаже за следната недела.

Ова е прва пресуда за поранешниот премиер Груевски за постапките кои против него ги води СЈО.

Поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски во завршните зборови за случајот „Тенк", посочи дека во предметот е обвинет за сакање.

-Сум сакал да се набави блиндирано возило бидејќи сум сакал да се возам во него. Сум остварил корист оти ме возеле, не во една туку во друга кола, од истата марка. Генерации на наши потомци ќе се чудат за што бил обвинет поранешниот премиер, пред да разберат дека станувало збор за политички прогон, истакна Груевски.

Тој додаде дека ниту во изведените докази за кои што се тврди дека преставуваат наводни аудио снимки помеѓу мене со некои трети лица, ниту во било кои докази не произлегува дека побарал од Гордана Јанкуловска да се изврши службено десјствие што не би требало да се изврши и тоа да се изврши јавна набавка во која МВР ќе купи ново блиндирано патнчко возило од марката Мерцедес модел С 600 Гард така што во постапката да се фаворизира економскиот оператор МАК АУТОСТАР Дооел Скопје-генерален застапник и дистрибутер на возилата од марката Мерцедес во РМ.

Претходно СЈО побара осудителни пресуди за двајцата обвинети. 

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе