МЖ „Транспорт“ доби нов директор, вработените уште протестираат и немаат плата

На местото на генералниот директор МЖ „Транспосрт", Никола Костов кој си даде оставка, владата вчера одлучила за В.Д. директор да го назначи Игор Коруноски. Коруновски доаѓа од позицијата директор на влеча и одржување на влечни средства и е член на управниот одбор на МЖ.

Инакау состојбата во железничкиот сообраќај се уште не е решена, па така патничките и товарните возови повеќе од една недела не сообраќаат поради штрајкот на вработените кои си ги бараат заостанатите плати.

Владата деновиве обезбеди 70 милиони денари за „МЖ Транспорт“, но според претставниците на синдикатот, тие не се доволни за исплата на заостанатите плати.

Синдикатот и вработните утре ќе донесат одлука дали штрајкот од работничките хали ќе го префрлат пред владата или улиците на Скопје, откако надлежното министерство за транспсорт и врски обезбеди половина од декемвриската плата,а му порача на урпавниот одбор да обезбеди средства за јануарската плата за вработените.

Раководството на МЖ Инфраструктура  и  Владата пак апелираа до вработените од Транспорт да ги прекинат блокадите и да ги достават работните налози, за да можат да се исплатат парите за јануари и да се добијат средствата  од држаавата кои се наменети за железница. Велат на овој начин трошоците на компанијата растат, а расте и незадоволството кај коминтентите поради неисполнување на договорите  со нив.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе