Основен суд Скопје 1

МВР треба да бара од судот наредба за распишување на меѓународна потерница

МВР до сега не испратило барање до судијата за извршување на санкции за издавање на наредба за распишување на меѓународна потерница по бегалецот и експремиер Никола Груевски.

Како што ни изјавија од Основниот суд Скопје 1, МВР треба да побара од судијата за извршување санкции да издаде наредба за распишување на потерницата.

„МВР треба да достави барање или предлог до Судијата за извршување за санкции да издаде наредба за распишување на меѓународна потерница и потоа судијата прави проценка за распишување и ја издава. До сега од МВР нема стасано такво барање, ниту пак е издадено, велат за МКД. мк од Основниот суд Скопје 1.

По синоќешниот неуспешен обид на полицијата да го приведе поранешниот премиер Никола Груевски и да го спроведе во затворот во Шутка, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека одговорноста треба да се бара кај судиите, кои не одредуваат притвори за оние кои можат да избегаат.

„Размислувам во однос на одговорноста на оние кои што не им одредуваат притвори на луѓе за кои постои опасност да бегаат. Ги пуштаат да се движат слободно низ државата, да ги извршуваат сите можни работи кои што ги извршуваат и на крајот кога завршува со донесувањето на пресудата тие не се во притвор за да можат да бидат обезбедени, иако се со десетина и повеќе кривични пријави и кривични дела“, изјави претпладнево Спасовски.

 

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе