ДВА И ПОЛ МЕСЕЦИ ПО ФИЛМСКИОТ ГРАБЕЖ

МВР: Тајна е каде се украдените пари од сефот на НЛБ Тутунска банка

По повеќе од два месеци од филмскиот грабеж во НЛБ Тутунска Банка во Скопје, од каде осомничениот вработен Бобан С. (40) среде бел ден успеа да изнесе од банката 2 милиони франци и 270.000 евра, полицијата не открива дали има траг и каде се украдените пари и вели дека тоа, согласно законот е таен податок. 

Редакцијата на МКД.мк уште на 11 мај писмено се обрати до МВР за да добиеме одговор дали е најден некаков траг кој може надлежните да ги одведе до украдените пари или дали евентуално се најдени парите.

Еден месец по нашето испратено прашање од МВР ни одговрија дека согласно законот, одговорот на прашањето кое го бараме е тајна.

Во врска Вашето барање кое се однесува на кривично правен настан случен во НЛБ Банка АД на ден 10.04.2017 година , ве известуваме дека согласно тајност на предистражна постапка чл.289 од Законот за кривична постапка ,односно сите дејствија преземени од страна на полицијата или ЈО се сметаат за тајна,поради што не можеме да ви доставиме дополнителни податоци”, ни одговорија од МВР.

Филсмкиот грабеж во НЛБ Тутунска банка го пријави директорот на банката. По настанот осомничениот Бобан С. беше приведен и по барање на Обвинителството му беше определен 30-дневен притвор.  

Од Основното јавно обинителство Скопје велат дека истрагата за овој настан е во тек. 

 

                                                                                                                К.Д. 

 

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе