МВР работи на расчистување на случајот со групата „Јавна соба” на „Телеграм”, известено е и Јавното обвинителство

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презема мерки и активности за расчистување на случајот со затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ на која биле објавувани фотографии со експлицитна содржина.

„Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за расчитување на случајот. Секторот за компјутерски криминал и форензика веднаш контактира со мрежата ‘Телеграм’, со цел добивање на потребните податоци околу функционирањето на оваа група и воедно го известивме за содржините што се објавени“, информира портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој вели дека е известено и Јавното обвинителство и дека се преземаат мерки за расчистување, а воедно апелира до граѓаните да пријават во полицијата злоупотреба на фотографии не само за овој, туку и за кој било друг случај.

Според споделените информации на социјалните мрежи дел од фотографиите објавени во оваа затворена група се преземени од отворени профили, а дел биле препраќани преку приватни профили и имале порнографска содржина.

Премиерот Оливер Спасовски денеска рече дека групата била креирана многу брзо и за многу кратко време има толкав број учесници.

„Според информации што ги добив од Бирото за јавна безбедност покрената е целосна постапка за расчистување на овој случај, известено е Јавното обвинителство и заедно се работи на откривање на администраторот, меѓутоа и на членовите на оваа група“, рече Спасовски на денешната прес-конфренција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање.

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Санела Шкирељ информираше дека се работи координирано со МВР и со Министерството за образование и дека во моментов немаат пријава од родители, но апелираше до сите родители кои имаат информација дека нивните деца биле изложени и биле дел од оваа група да се обратат до центарите за социјални работи.

 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе