Започната е истрага

МВР ќе го истражува објавувањето на новите „бомби“

Објавувањето на новите прислушувани разговори ќе биде предмет на истрага која што ќе ја водат Министерството за внатрешни работи во координација со јавниот обвинител, велат од МВР

„Согласно надлежностите започната е истрага во врска со објавените телефонски разговори. За текот на истрагата јавноста дополнително ќе биде информирана", соопштуваат од МВР.

Четири нови „бомби", односно прислушувани разговори, се појавија вчера на интернет. Објавени се на руската социјална мрежа „ВКонтакте" на анонимен профил под псевдоним „Илија Громовник".

Од СЈО за МКД.мк велат дека содржината на овие разговори кои се појавија во јавноста се анализира и дека ќе се утврдува дали вакви разговори веќе има во онаа огромна бројка на материјали која ова обвинителство веќе на има добиено.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе