По објавената снимка и жестоките реакции во јавноста

МВР ги приведе лицата кои тепаа девојка и објавија вознемирувачко видео на Фејсбук

Полицијата ги идентификуваше и ги приведе двајцата насилници кои брутално се однесувале кон девојка. Според првичните, неофицијални информации се работи за лица од Штип. Реакција од МВР следи откако на социјалите мрежи се појави видео со вознемирувачка содржина во кое се гледа како двајца мажи тепаат девојка во влез на зграда. Заменичката министерка, Славјанка Петровска на својот официјален профил на Фејсбук информираше дека Бирото за јавна безбедност и Центарот за социјални работи постапуваат по овој случај. 

Петровска потврди дека полицијата постапува во врска со објавеното видео и најави најстроги казни за ваквото нечовечко однесување.

„На социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани и приведени и постапува Бирото за јавна безбедност. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување", објави Петровска на Фејсбук. 

На видеото кое е со навистина вознемирувачка содржина и кое поради истата и заштита на идентитетот на девојката нашата редакција одлучи да не го објави, се гледа како еден снима, а друг ја клоца девојката која е стутката во ќош. 

Според она што се гледа, таа му соопштува дека е бремена, а тој потоа ја клоца додека таа плаче и го моли да ја пушти. 

Видеото наиде на ости и жестоки реакции во јавноста, а веднаш по споделувањето на социјалните мрежи реагираше и МВР. 

 

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе