По синоќешната евакуација на жителите

МВР: Амонијак од употребени пелени е причина за миризбата во населба Аеродром

По вчерашниот настан кој предизвика паника и ги евакуираше жителите во скопската населба Аеродром, со официјални податоци излезе и Министерството за внатрешни работи. Од таму велат дека немало никаков солзавец или некоја слична материја , туку се работело за миризба од амонијак од употребени пелени.

Во официјалните информации на МВР стои дека вчера околу 18.50 часот било пријавено дека во влезот брoj "1" на булевар „Кузман Јосифовски Питу" се чувствува непријатна миризба и граѓаните се жалат на печење во очите и дека претпоставуваат дека најверојатно е фрлен солзавец.

Од таму додааат дека излезено е на местото на настанот при што е констатирана силна непријатна миризба.

Од страна на Противпожарна екипа отворени се сите врати од помошните простории, по што миризбата се изгубила, освен на вториот кат во стан сопственост на С.С.(64), каде истата живее со нејзината ќерка и двајца внуци. Од страна на екипа на АРМ со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени.

Станот е исчистен од страна на екипана Комунална хигиена. На местото на настанот излегле и служби од Министерство за Здравство - Центар за јавно здравје, Дирекција за заштита и спасување и Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје.

Според првичните информации станарите веќе подолго време си имаат проблем во однос на хигиената и редовното плаќање на обврските за одржување на зградата.

Во подрумот од зградата биле пронајдени шишиња полни со урина и се претпоставува дека тука престојува некој бездомник.

Синоќа по пријава на станарите интервенираше полицијата, противпожарна единица, амбулантна кола и на крај дојде и специјална единица на АРМ за атомска, биолошка и хемиска одбрана.

Полицајци и пожарникари со гас маски им помагаа на станарите да се евакуираат. Станарите беа пред зградата повеќе од 5 часа.

 

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе