МПЦ-ОА реагира: Со имотот на Црквата не се нарушуваат ни црковните канони, ни Божјите заповеди

Македонската православна црква е институција со најдолговековна традиција на постоење на овие простори. Тоа придонело Црквата да поседува свој имот со чие управување не се нарушени ниту црковните канони, ниту, пак, Божјите заповеди, а е во согласност со државните закони, соопшти МПЦ-Охридска архиепископија во врска со, како што велат оттаму, интересот кај медиумите во однос на МПЦ, а поконкретно со правото на сопственост и поседување на црковен имот.

МПЦ, според соопштението, има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата структура, па од таа причина таа е повикана, имотот кој го поседува, домаќински да го стопанисува, а преку тоа да може да ја извршува својата мисија и исконска примарна задача за доброто на својот верен македонски народ.

„Уште од најрани времиња, од апостолско време па до денес, луѓето кои ја сочинувале и управувале со Црквата, располагале со имоти кои биле користени за добробит на заедницата. Црквата е возглавена од Богочовекот Христос, но неа ја сочинуваат луѓе – верен народ, свештенство, монаштво и епископство. Како и секој човек што има потреба, а и долг кон Божјото создание (Бит. 1, 26-27), да се грижи за својата душа и тело, кое е храм на душата, така и ние како Богочовечки организам сме повикани да се грижиме за одржување на довереното од Бога, онака како што постапил верниот слуга кон својот господар и ги умножил талантите (Мат. 25, 14-28)”, пишува во соопштението од Светиот ариерејски синод на МПЦ-ОА.

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе