РАСПРАВА НА УСТАВЕН СУД

Може ли УБК да прислушува без судска наредба?

Уставниот суд денеска расправа за уставноста и законитоста на членот 175 од Законот за електронски комуникации кој на телекомуникациските оператори во Македонија им наложува да ги обезбедат сите технички услови за УБК да ги следи комуникациите во нивните мрежи без судски налог. Иницијативата за законитоста и за уставноста на членот 175 од законот за електронски комуникации предизвика обемна и жестока дебата меѓу уставните судии. Во дискусијата се вклучија сите деветмина судии, кои неколкупати ги изложуваа аргументите и се убедуваа за и против прифаќање на иницијативата, објави Мета.мк.

Мнозинството судии се за прифаќање на иницијативата бидејќи, како што образложи судијата Ангелина Маркудова, со директниот пристап и со можноста за следење на комуникациите преку телекомуникациските оператори се загрозуваат правата на граѓаните на приватност и им се овозможува на државните органи, односно на МВР и на УБК, произволно и неконтролирано да ги следат комуникациите и да ги загрозуваат човековите права на граѓаните.

Предлогот на Маркудова за прифаќање на иницијативата го поддржаа и судиите Сади Мурати, Наташа Габер, Исмаил Дарлишта и Газиме Старова.

Од другата страна, претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски, и судиите Јован Јосифовски, Елена Гошева и Владимир Стојановски рекоа дека нема да поддржат отворање постапка по иницијативата бидејќи, според нив, членот 175 не е во спротивност со Уставот и доколку се укине, би се предизвикал хаос, а телекомуникациските оператори нема да имаат обврска да постапуваат по наредбите за прислушување од МВР.

На ова судијката Старова му реплицираше на Ивановски иронично, прашувајќи го: „Каков хаос ќе настане ако го укинеме членот, нема да нè прислушуваат?“.

Мнозинството судии потсетија дека во 2010 година Уставниот суд го укинал членот 115 од Законот за електронски комуникации, чии одредби потоа биле пресликани и суштински се идентични со тие од членот 175.

Државниот советник Менка Трајанова, која учествувала во обемниот реферат од 23 страници што го презентираше Маркудова, рече дека како што е скроен, Законот гласи „забрането е следење на комуникации, освен кога има софистицирана опрема“.

– Ова би звучело исто како да кажеме дека човек може да се затвори затоа што државата направила затвори – рече Трајанова.

Расправата трае речиси три часа, а во моментот судиите се на пауза, по што расправата ќе продолжи, а судиите треба да гласаат дали ќе ја прифатат да расправаат по иницијативата.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе