Претседателски избори 2019

МОСТ: Гласањето се одвива без посериозни неправилности

Гласањето на првиот круг од Претседателските избори се одвива во најдобар ред, без сериозни неправилности, а одѕивот до 13 часот изнесува 20,8 проценти, покажуават информациите од набљудувачите и регионалните канцеларии на граѓанската асоцијација МОСТ.

Само на две гласачки места се забележани изолирани неправилности, рече на прес-конференција Златко Димитријоски, претставник на МОСТ. На гласачкото место 2805/1 во општина Центар во Скопје на почетокот од гласањето биле откинати три ливчиња заедно со серискиот број од кочанот.

На гласачкото место 1385/1 во Прилеп, пак, како што наведе Димитријоски, откако еден гласач гласал било увидено дека не бил запишан во Избирачкиот список, но тој гласал заедно со неговата сопруга која била запишана во Избирачкиот список и која се потпишала во него.

Димитријоски соопшти дека според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 11 часот е 11,2 проценти, до 12 часот е 15,9 проценти, додека до 13 часот е 20,8 проценти

МОСТ го следи денешното гласање со над 1500 набљудувачи.

На 1.160 гласачки места избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33 отсто од вкупниот број гласачки места во државава.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе