Во знак на почит и пријателство од нашата земја

Монахињите од Рајчица му подариле митра на папата

Папата Франциско, кој на 7 мај доаѓа во апостолска посета на земјава, е сопственик на уникатна митра изработена специјално за него од монахињите во манастирот Свети Георгиј Победоносец во Рајчица.

Митрата на папата Франциско му беше подарена од македонската државно-црковна делегација која во 2016 година беше на аудиенција во Ватикан по повод чествувањето на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.

Митрата му беше подарена на понтифот на Римокатоличката црква како израз на почит и пријателство на нашата земја.

Станува збор за митра со специфики на македонската култура и традиција, изработена од охридски бисери. Митрата од Рајчица, која е симбол на венецот од трње што бил ставен на главата на Исус Христос при неговото распнување на Голгота, е прва што ја добил папата Франциск и според традицијата на Ватикан е заведена како негова тијара.

Римокатоличките поглавари ги носеле тијарите на денот на нивното устоличување.

Тијарата е стилизирана бикупска митра украсена со три круни. Папите ги носеле тијарите на денот на нивното устоличување уште од 8 век, се до средината на 20 век. Последен пат тијара носел папата Павле VI во 1963 година. Последните тројца папи Јован Павле Втори, Бенедикт 14 и Франциско при устоличувањето не носеа тијари туку обични бискупски митри.

Монахињите од манастирот Свети Георги Победоносец во Рајчица, кој е метох на Бигорскиот манастир, досега имаат изработено повеќе од 700 митри, најмногу за великодостојници на Православната црква.

Митри од Рајчица носат и вселенскикот патријарх Вартоломеј, поглаварот на Руската православна црква Кирил и ерусалимскиот патријарх Теофил.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе