МОН подготвува нов закон за високо образование

Од Министерството за образование и наука (МОН) информираа дека работната група за утврдување на потребата за измени на Законот за високо образование, составена од министерот за образование и наука, Рената Дескоска, претставници од државните и приватните универзитети, синдикатите од областа на образованието и претставници од Професорскиот и Студентскиот пленум, ја одржа втората работна средба во просториите на МОН.

На денешната средба на Работната група, присуствуваше и странскиот експерт за високо образование,  Џамил Салми, кој ќе учествува во процесот на подготовка на нов Закон за високо образование.

Целта на Работната група, велат оттаму, е преку квалитетна дебата, да изготви нов Закон за високо образование којшто ќе ги опфати сите аспекти од статусот и организацијата на универзитетот, надлежностите на Сенатот, начинот на управување на факултетите, статусот на наставниците, начинот на кој студентите ќе се организираат во рамки на универзитетот и процесот на нострификација на дипломите.

Она што нѐ кочи во изнаоѓањето на решение за името е непознавањето на теоријата за преговарње од надлежните, но и од оние кои и досега учествуваа и нѐ советуваа во преговарањето.

повеќе

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе