Во сандаче ѝ го скрил прстенот и ја викнал да нуркаат

Момче запроси девојка на дното на Охридско Езеро (ВИДЕО)

Момче на необичен начин се одлучило да ја запроси својата девојка. Како што објавија од нуркачкиот тим „Акватек" запросувањето се случило на дното на Охридското Езеро каде што момчето го оставило сандачето во кое се наоѓал прстенот и ја повикал девојката да нуркаат.

Кога се спуштиле на дното на езерото, го отклучиле сандачето покажувајќи и го прстенот и со мимики со раце Александар и објаснил на Матеја дека тој сака таа да се омажи за него. Таа изненадено му подава рака да и го стави прстенот и среќни испливаа на површината.

Од нуркачкиот тим „Акватек" објавија видео од ова несекојдневно запросување.

 

 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе