ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД

МНР: Еден македонски државјанин е во болница во Барселона

Еден македонски државјанин во моментот се наоѓа во болница во Барселона и не е во животна опасност. Лицето во моментот на на нападот се наоѓало во непосредна близина и се здобило со скршеница на зглобот на ногата, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

Претставник од македонската амбасада во текот на ноќта се упати кон болницата каде што се наоѓа повредениот македонски државјанин.

Тринаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во „масовното прегазување“ од комби вчера во центарот на градот Барселона.

 

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе