ПО ПОПЛАВИТЕ ВО ГРАЦИЈА

МНР: Досега нема евидентирано повредени и исчезнати македонски државјани

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за надворешни работи во координација со Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Солун, отвори дежурни телефонски линии кои се сѐ уште достапни за потребите на македонските државјани за помош и информација.

Интензивните врнежи што вчера,17 јули, ја погодија северна Грција, особено вториот крак (Ситониа) предизвикаа поплавување и  неможност за движење на патиштата, пред се на патот Лариса-Кожани, како и поголеми проблеми во туристичките места на вториот крак (Торони, Порто Куфо и Тристиника), каде беа поплавени паркирани возила и заглавени туристи, во близина на плажата Торони.

По добиените инфомации за заглавени туристи, велат од Министерството за надворешни работи (МНР), Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Солун веднаш стапи во контакт со грчката пожарникарска служба и туристичката полиција, од каде беше потврдено дека се работи за група српски туристи кои се евакуираат.  

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за надворешни работи во координација со Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Солун, отвори дежурни телефонски линии кои се сѐ уште достапни за потребите на македонските државјани за помош и информација. 

На дежурната телефонска линија во Канцеларијата во Солун, досега се јавиле вкупно десет лица, а во МНР се јавија три лица - воглавно родители кои бараа известување за состојбата на нивните деца и роднини кои се на летување во Грција, се јавија и граѓани кои бараа совет за нивните паркирани и поплавени патнички возила.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека Канцеларија во Солун доби барање за информација (по мејл) за состојбата на македонски државјани во кампот Каламици, по што вечерта на 17 јули како и денес, беше контактирана управата на кампот, при што беше потврдено дека ниту еден човечки живот не е загрозен. Во моментов, во кампот има електрично напојување, се прават напори да се добие и топла вода, додека патот е прооден.

Паралелно, колегите од Канцеларијата во Солун стапија во контакт со наши  државјани во кампот и ги инфомираа за состојбите.

Министерството за надворешни работи и понатаму ги следи состојбите во Грција преку Канцеларијата во Солун, кои  се во постојана комуникација со надлежните грчки власти.

Од МНР инфомирааа дека во моментов се прават напори да се санираат штетите и да се испумпа водата во Торони и Порто Куфо, како места кои беа најсилно погодени од невремето.

Воедно инфомираме, велат оттаму, дека грачките власти немаат евидентирано македонски државјани кои се повредени, исчезнати или се во опасност заради поплавите,  значи според инфомациите од грачките власти македонските државјани се безбедни.

Во Канцеларија за конзуларни, економски и трговски работи во Солун функционира  дежурен контакт телефон 00306987200410, а во Министерство за надворешни работи на Република Макеоднија лице за контак со медиуми е Силвана Ивановска  - контакт телефон  00389 72 239052

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе