БИЛБОРДИ НИЗ ГРАДОТ

ММДЧП со кампања „Нашето име е Македонија“ бара да прекинат преговорите со Грција

Македонското меѓународно движење за човекови права ММДЧП започна нова кампања, „Нашето име е Македонија“,со билборди во Скопје, Битола и Тетово, а наскоро и во други градови низ Македонија, заедно со телевизиски и радио реклами, огласи во весници и на интернет, прес-конференции и стотици илјади летоци.

ММДЧП, како што соопшти, „бара веднаш да престанат расистичките, антимакедонски преговори за името и ги повикува сите Македонци, но и другите кои ги поддржуваат најосновните човекови права, да се придружат на нивниот повик.

„Бараме македонските организации да се огласат со изјави за поддршка на нашата кампања и да направат притисок Македонија веднаш  да ги прекине преговорите за името.
Како што прашуваме на нашите билборди, кој ви даде право да преговарате за моето име и идентитет?

Специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, тврди дека не се преговара за македонскиот идентитет, но преку Договорот со Бугарија, Законот за јазици, јавни изјави на македонски, американски и европски политичари гледаме дека се преговара токму за македонското име и идентитет, како директен резултат од преговорите за името“, се вели во соопштението во кое ММДЧП повторува дека сегашните граѓани и политичари на некоја земја немаат право да преговараат за вековен национален идентитет.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе