ММДЧП, како што соопшти, „бара веднаш да престанат расистичките, антимакедонски преговори за името и ги повикува сите Македонци, но и другите кои ги поддржуваат најосновните човекови права, да се придружат на нивниот повик.
„Бараме македонските организации да се огласат со изјави за поддршка на нашата кампања и да направат притисок Македонија веднаш да ги прекине преговорите за името.
Како што прашуваме на нашите билборди, кој ви даде право да преговарате за моето име и идентитет?
Специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, тврди дека не се преговара за македонскиот идентитет, но преку Договорот со Бугарија, Законот за јазици, јавни изјави на македонски, американски и европски политичари гледаме дека се преговара токму за македонското име и идентитет, како директен резултат од преговорите за името“, се вели во соопштението во кое ММДЧП повторува дека сегашните граѓани и политичари на некоја земја немаат право да преговараат за вековен национален идентитет.