УТРЕ ВО 17 ЧАСОТ ВО СКОПСКО ДРАЧЕВО

Мирен протест за прегазениот Ненад, серијата убиства во сообраќајот мора да престане

Утре во 17 часот на крстосницата пред Драчево велосипедисти, активисти и жители од Драчево и цело Скопје ќе одржат мирен протест што го иницираат семејството и пријателите на 30-годишниот Ненад Пешевски, кој беше прегазен од камион пред десетина дена, додека го возел својот велосипед на крстосницата меѓу Батинци и Драчево. 

„Да се обратиме до целата јавност, со надеж дека ќе допре нашиот глас до надлежните институции со цел да превземат соодветни мерки за регулирање на сообраќајот на местото каде што Ненад беше прегазен. За да не се повторуваат сообраќајни незгоди, да нема повеќе жртви, да не биде некој од нас следниот Ненад“, се вели во повикот за мирниот протест објавен на социјалните мрежи.

И од иницијативата „На точак“ повикуваат на протестот. Велосипедистите се собираат на плоштадот „Македонија“ и возат потоа до местото каде загина Ненад. На локацијата ќе биде поставен бел велосипед за спомен, како изразување почит за жртвата, но и како потсетник за учесниците во сообраќајот за вакви случаи да не се повторат.

„Вакви вести слушаме речиси секојдневно. Оваа серија на убиства во сообраќајот мора да престане! Скопје е град, не бојно поле! Има начини како да се зголеми безбедноста кои се општо познати, но недостасува политичка волја. Да ги размрдаме одговорните! Во текот на наредните денови во настанот на Facebook ќе споделиме повеќе информации за случајот на Ненад, за незбезбедноста на скопските улици и предлози како да станат побезбедни. Придружете ни се во битката за побезбедно Скопје! Никој не замислува дека вакво нешто баш нему или на негови блиски ќе им се случи, но се случува, без разлика дали е централно градско подрачје, приградска населба…  Затоа, заедно да спречиме идни жртви! Спомен за Ненад, безбедни улици за сите!“ повикуваат од иницијативата „На точак“.

Триесетгодишниот скопјанец загина во сообраќајна несреќа што на 4 септември се случи на крстосницата од булеварот Борис Трајковски и регионалниот пат за ХЕЦ „Козјак".

Според информациите на МВР, до несреќата дошло кога теренско возило „ФАП 1620", со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И. (61) од село Чифлик, Скопско, удрил во велосипедистот Ненад Пешевски од Скопје.

Во незгодата тешки телесни повреди добил велосипедистот, кој со возило на итната медицинска помош бил пренесен на Ургентниот центар – Скопје каде што, по неколку часа од несреќата, починал. 

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе