Министерот за здравство, Венко Филипче, не го пријавил имотот кај антикорупционерите

Министерот за здравство, Венко Филипче, не ја пријавил имотната состојба во анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата во законскиот рок, потврдуваат од институцијата за „Макфакс".

Филипче беше избран за министер за здравство во декември лани, а одлуката беше oбјавена во 190. број на „Службен весник" од 25 декември 2017 година. Со тоа новиот министер не го почитува законскиот рок од 30 дена по стапувањето во функција да достави пополнет анектен лист до антикорупционерите.

Од ДКСК не одговорија конкретно дали ќе го опоменат и дали прекршочно ќе го санкционираат министерот. Велат дека работеле неселективно и дека заклучоците ги носеле на седница. „Државната комисија за спречување на корупцијата работи во согласност со принципите на еднаквост и неселективност, своите заклучоци ги носи на седница и во согласност со нејзините законски надлежности презема соодветни дејства. Тоа ќе биде направено и во овој случај по што ќе ви одговори што побргу", велат од институцијата за „Макфакс".

Според Законот за спречување на корупцијата, избран или именуван функционер, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, службено лице при изборот, именувањето, односно по вработувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, именувањето, вработувањето или стапувањето на должност, пополнува анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост или сопственост на членовите на неговото семејство. Во прилог со анкетниот лист депонира и заверена изјава кај нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки. Анкетниот лист и изјавата се доставуваат до Државната комисија и Управата за јавни приходи.

Глобата за ваков прекршок е во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе