Министерот Адеми повикува иселенците да излезат на гласање

Јавен повик за гласање на македонските иселеници на престојниот референдум официјално упати министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми. Порача дека е важно македонските иселеници да се изјаснат за ова прашање бидејќи од тоа ќе зависи судбината на идните генерации.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика да ги повикам што помасовно да се пријавуваат да го искористат своето граѓанско право да излезат и да гласаат онака како што мислат дека треба да гласаат“, изјави министерот Едмонд Адеми.

Адеми најави дека кога ќе започне кампањата, во план е посета и средби со нив, надвор, во дијаспората, каде ќе го објаснат договорот помеѓу Р. Македонија и Р. Грција и зашто тој договор е важен за перспективата на државата.

Македонските иселеници во дијаспората ќе можат да гласаат на претстојниот референдум, закажан за 30 септември. Тие своето право на глас ќе можат да го остварат во вкупно 50 дипломатските конзуларни претставништва, а во кои ќе има гласање Државната изборна комисија дополнително ќе реши во зависност од бројот на пријавени. Рокот за пријавување по електронски пат е од 9 до 23 август.

Како што објансија од ДИК, иселениците кои ќе се пријават да гласаат во некое од дипломатско-конзуларните претставништва нема да може да гласаат тука.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе