Случај „Рекет“

Mилошоски: Кои беа темите на разговорот на Богоев во ОЈО за организиран криминал?

Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стефан Богоев, е еден од 17-те лица кои досега биле во Основното јавно обвинителство за организиран криминал во врска со случајот „Рекет", во кој се замешани Боки 13, најмалку две обвинителки, најмалку 5 вработени лица во СЈО и неколку функционери од власта, пишува пратеникот Антонијо Милошоски на својот фејсбук-профил.

Тој упати директни прашања за тоа кои биле темите на разговорот во ОЈО меѓу обвинителката Вилма Русковска и Стефан Богоев.

1. Што содржи меморандумот за соработка потпишан од Боки 13 и Богоев во ноември 2017?

2. Финансирање на кампањата за локални избори 2017 година?!

3. Планот за измена на ДУП „Карпош на вода", десно од ТВ Телма кон Вардар (кој Боки13 го нарекол поинаку)?

4. Злоупотреба на службена положба како градоначалник за потребите на 1ТВ?

5. Кршење на законот за градба за кој Јанакиески лежи во притвор со месеци по барање на ОЈО и СЈО?“

 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе