И ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА УБК ДОЈДЕ ВО АПЕЛАЦИСКИОТ СУД

Мијалков: Убеден сум во својата невиност, немам зошто да бегам

„Нема зошто да бегам. Јас сум убеден во мојата невиност и верувам дека во понатамошната постапка и судот ќе го увиди тоа“, рече поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков во Апелацискиот суд на денешната јавна седница. 

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контра-разузнавање Сашо Мијалков денеска во 14 часот се појави во Апелацискиот суд во Скопје каде што се одржува јавна седница по жалбите на СЈО по барањата за притвор за повеќемина функционери од ВМРО-ДПМНЕ. СЈО бараше да им се одреди притвор на Сашо Мијалков и на поранешниот началник на петтата управа Горан Грујовски, како и за уште три лица обвинети во „Таргет“ и во „Тврдина“, случаи кои се однесуваат на незаконското прислушување и за уништувањето на опремата во УБК со која биле следени комуникациите.

„Досега само два пати не сум се јавил на покана и тоа затоа што бев во странство и немаше карти за да се вратам порано. Одговорно се јавувам на секој нивни повик. Така било досега, а од денеска можам да кажам дека мој збор е дека секогаш и на секој повик од судот ќе се јавувам уредно и ќе бидам присутен”, образложи Мијалков.

Обвинителката Ленче Ристовска рече дека за Мијалков се води скратена постапка и токму поради тоа за определување мерка притвор се зема само опасност од бегство. Одбраната на Мијалков побара да не се земе во предвид жалбата на СЈО за определување мерка притвор затоа што Мијалков ако сакал досега можел да избега и да не се врати во државата. Дополнително, како што рече Љупчо Шврговски, еден од адвокатите на Мијалков, тој уредно се јавувал на сите повици на СЈО.

Пред завршувањето на седницата Мијалков рече дека верува дека овој суд ќе донесе правилна одлука.

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе