Мермерна плоча од 20 тони блокира една лента на патот Градско-Прилеп

Мермерна плоча тешка околу 20 тони попладнево падна на патот Градско – Прилеп, во близина на Каменоломот, кај селото Тројаци. 

„На патниот правец А1 Градско-Прилеп, кај месноста Плетвар, кај Каменоломот, на едната коловозна лента паднала мермерна плоча од околу 20 тони“, информираат од АМСМ.

Од таму додаваат дека сообраќајот се одвива наизменично по едната коловозна лента.

Оттаму велат дека големиот мермерен блок од 7 до 8 кубни метри, тежок над 20 тони, најверојатно паднал од камионот што го превезувал од Каменоломот во правец на Градско. Увид направила и полицијата, а според надлежните од „Македонија пат“, обврска според Законот е сопственикот на мермерниот блок да го отстрани од патот. 

 

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе