ИЗВЕШТАЈ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Мемети: Во затворот Идризово осудениците се гладни и живеат во нечовечки услови

Народниот правобранител, Иџет Мемети денеска на прес-конференција, презентирајќи го годишниот извештај рече дека состојбите во затворот се крајно понижувачки и дека во крајно нехумани, нечовечки и деградирачки услови живеат осудениците во затворот Идризово

Итно да се затвори приемното одделение во затворот Идризово, поради нехуманите и деградирачки услови за престој на осудените лица. Ваква препорака денес до Министерството за правда и Управата за извршување санкции упати Народниот правобранител Иџет Мемети, при презентацијата на годишниот извештај за работата на Канцеларијата на народниот правобранител.

„Денес ќе обелоденам дека има сериозни појави на корупција. Информациите ги добивме од осудениците, но неформално потврдија и вработените. Во нашите затвори се продаваат кревети, мобилни, па дури и дрога. Место програма за одвикнување имаме информација дека во затворите се регрутираат нови корисници на дрога. Во затворот се сместени 1966 лица, што е двојно повеќе од капацитетите. Во страшна состојба се и приемното и амбулантното одделение. Во приемното одделение нема прозор и кревети, а во амбулантното одделение болните спијат на кревети без душек. Бактерии и вируси демнат на сите страни”, рече Мемети.

Мемети рече дека ова го бараат бидејќи во мал и руиниран простор при нивната посета затекнале 80 осуденици.

„Во ова одделение има три соби, ходник и еден тоалет. Приемното одделение е пренатрупано, па луѓето спијат на картони и душеци во самиот ходник. Просториите се со мувла, тече од таванот, а прозорците се искршени. Сите го користат единствениот тоалет, кој е руиниран, а во него го чуваат и приборот за јадење“, рече Мемети.

Тој кажа дека осудените лица во приемното одделение остануваат и по 2 месеци, но не и оние што можат да платат за побрзо да ги распределат во одделенијата.

„Уште полоша е состојбата ва амбулантното одделение, кое исто е руинирано, со влага, мувла и инсекти кои шетаат насекаде. Нема доволно кревети па болните одуденици може да изберат или да спијат на под или на кревет но само со пружина, оти нема душеци“, рече Мемети.

Тој додаде дека и храната е лоша и недоволна, а се чува во несоодветни простории, па ако роднините не им носат храна на осудениците ќе бидат гладни.

Мемети рече дека ноќта меѓу 16 и 17 од прифатниот центар Табановце полицијата сосила извлекла 18 мигранти. 10 ги протерала кон Грција, а 8 избегале во околните села. Во моментов, луѓе од Канцеларијата на Народниот правобранител се на терен и проверуваат дали се вистинити информациите, како и тоа дали полицијата употребила сила при извлекувањето.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе