ПО ПОСЕТАТА НА ПРИФАТИЛИШТЕТО ВО ГАЗИ БАБА

Мемети: Пренатрупан Центарот за азиланти, меѓу мигрантите се шири зараза!

Капацитетот на Центарот за времено сместување азиланти во Гази Баба е 100 до 120 лица, но во него вчера имало 364, плус тие 125 донесени од Ваксинце. Условите во Центарот се несоодветни, дел од нив се држат противзаконски, а меѓу мигрантите се шири зараза. Ова се денешните заклучоци на народниот правобранител Иџет Мемети, кој вчера со своја екипа беше во објектот и започна опсежна истрага за состојбите во Центарот, информира Плусинфо.

„Сите спијат на земја, немаат со што да се покријат. Во две соби спијат жените, меѓу нив и трудница. Една од собите ја користат за кујна. Во целиот објект има само еден доктор кој не може се да постаса. Вчера имало бунт во Центарот. Откривме дека некои од нив се држат спротивно на сите законски прописи“, истакна денеска Мемети.

Според него, незаконски се држеле мигрантите во Центарот повеќе од 30 дена, што било спротивно на законот.

„Никој од нив нема добиено документ за нивниот статус. Мигрантите ни кажаа дека не си го знаат својот статус во земјава и не знаат зошто толку долго ги држат таму. Во една прилика дознавме дека јавен обвинител усно одобрил одредена група да биде пренесена во Центарот за азиланти. Мигрантите се жалат од односот на вработените. Според тамошната документација, се држат како сведоци во некои постапки, а се евидентирани дека сториле прекршок - илегално влегле во Македонија. Овие луѓе не се мигранти, туку тие се бегалци. Барам итно да се донесат законските измени кои се најавени. Жалам што ова се случува, иако ние уште пред две години ги известивме сите државни институции дека во Центарот условите се лоши“, истакна Мемети.

Инаку, како што пренесува Плусинфо, Владата во понеделник ќе ги разгледува законските измени за Законот за азил, со кој се предлага сите мигранти да имаат 72 часа да одлучат дали ќе побараат азил во земјава или ќе ја напуштат. Од исходот на седницата зависи дали премиерот Никола Груевски ќе стави потпис со дознака Итно, или тие измени ќе му бидат доставени на парламентот следниот ден за да се процесуира во редовна постапка.

Ако предлогот биде со ознака Итно, тогаш во вторник ќе се најде на гласање на собраниската седница, и после седум дена ќе биде важечки, односно ќе може на мигрантите да им се даде можност за подобри услови од сегашниве. Ако отиде во редовна процедура, тогаш нивната голгота ќе трае со месеци. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе