Меѓаши го промовираше прирачникот „Позитивно родителство“

Прирачникот за родители и старатели „Позитивно родителство" е промовиран денеска од страна на Детската амбасада Меѓаши. Прирачникот е финансиран од програмата „Save the Children" а целта е зголемување на свесноста за важноста на одговорното родителство во насока на најдобриот интерес на децата. Достапен е на македонски, на албански и на ромски јазик.

„Во прирачникот ги акцентиравме клучните аспекти на тоа што значи позитивно и одговорно родителство. На почеток се зборува за дисциплина како еден од аспекти на родителство и се нагласуваат две клучни работи, дека дисциплината е учење, а не казнување, и дека физичкото казнување по ниеден критериум не може да биде оправдано зашто има негативни последици по оптималниот раст и развој на детето. На детето треба да му се објасни уште од најрана возраст што значи самоконтрола, дисциплина и емпатија. Не е доволно родителот да биде присутен физички. Ако нема квалитетна интеракција, развојот нема да тече позитивно. Родителството не е нешто со што се раѓаме, туку е вештини која се учи. Основата секогаш се поставува во семејството“, рече Ана Фрицханд, професорка и една од авторките на прирачникот.

Нагласи дека развојот на детето почнува во семејството, и дека родителите се клучните модели за идентификација, нивното однесувањето го насочува развојот и однесувањето на детето.

„Овој прирачник за мене лично и за нас како организација е изработен по барање на родителите. Сметам дека прирачникот ќе им биде еден вид поддршка на сите родители, да можат кратко и јасно да видат до каде се и како треба да постапуваат. Ги поттикнувам родителите првенствено да се грижат за себе, бидејќи на тој начин го учиме и детето како да се грижи за себе, како да се социјализира, како да биде добар граѓанин, како да може полесно да се справи со предизвиците што ги има. Јасноста и прецизноста на овој прирачник може да им бидат достапни, да прочитаат, да видат до каде се, да се обратат доколку имаат некој проблем. Сметам дека родителите во нашата држава се отворени, бараат помош и самите го бараа овој прирачник“, додаде психологот Јана Зенговска.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе