Реакција

Мега скандалот „Рекет“ ја парализира државата и целокупниот правен систем, велат од Демократскиот сојуз

Мега скандалот "Рекет" во кој се инволвирани политичари, обвинители, судии, бизнисмени, новинари и други криминалци, ја парализираа државата и целокупниот правен систем, велат од Демократскиот сојуз. Од таму додаваат дека Парламентот е на одмор, а мораше досега да одржи вонредна седница и да расправа за состојбите во Специјалното јавно обвинителство, да ја разреши Катица Јанева и да донесе законски решенија со кои СЈО ќе продолжи со работа во состав на Јавното обвинителство, со висок степен на самостојност, но и контролни механизми над неговата работа.

„Владата мораше да заседава и да побара од МВР, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и Агенцијата за национална безбедност (или сеуште УБК) во соработка со Jавното обвинителство, да спроведат темелна истрага и сите вклучени во овој криминал да ги изведат пред лицето на правдата. Во услови кога државата ја тресе катаклизмички криминално политички земјотрес, не дозволиво е "сите" надлежни да се на одмор. Со "одморот" се даде реална можност да се ништат докази, да се влијае на сведоци, парите од уцени да се дислоцираат во странство, а Македонија да се прогласува за мафијашка држава. Овој скандал покажа дека се разнишани темелите на државата и за тоа мора да има и политичка и кривична одговорност, но и системски промени за демонтажа на еднопартискиот систем. Необјасниво е и неодговорно, власта да повикува на темелна и продлабочена истрага (како да е опозиција), а конкретно да не презема ништо и да дозволи медиумите да ја "водат" истрагата", се вели во реакцијата на Демократскиот сојуз.

Демократскиот сојуз бара мобилизација и активирање на имунолошкиот систем на државата и секој да понесе дел од одговорноста за состојбите се додека е можно тоа.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе