Ме мотивираше хуманиот карактер на Виенскиот бал, рече премиерот Заев на манифестацијата

Премиерот Зоран Заев синоќа со својата сопруга, Зорица Заева, присуствуваше на Виенскиот бал, којшто традиционално секоја година се одржува во Скопје. Заев во своето обраќање изрази задоволство поради присуството на балот и ѝ се заблагодари на австриската амбасадорка Ренате Коблер за поканата, која како што рече, ја прифатил без двоумење поради неколку причини.

„Прво го покажува воспоставеното, искрено пријателство помеѓу Република Австрија и Република Северна Македонија. Понатаму, оваа манифестација, којашто е создадена како реплика на светски познатиот бал во Виена, Опера Бал годинава го одбележува својот 20-ти јубилеј. Но пред сѐ, ме мотивираше хуманиот карактер на манифестацијата. Особено ме радува фактот што со дел од средствата собрани вечерва ќе биде обезбедена адаптирана спортска опрема за возење велосипед, а којашто потоа ќе му биде доделена на Здружението на лица со параплегија и квадриплегија 'Без ограничувања'", рече премиерот.

Тој истака дека лицата со попреченост можат да спортуваат и додаде дека лично познава такви луѓе.

„Разликата е што ним им треба само поголема поддршка. Затоа јас лично би сакал да ви се заблагодарам на сите, бидејќи Вашето присуство овде вечерва ќе придонесе кон подобри можности за овие наши сограѓани", додаде Заев.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе