Масакр на Јабланица, покосени 2.500 букови стебла (видео)

Шумската полиција откри голема површина на бесправно исечени стебла од висока букова шума во Шумската стопанска единица „Јабланица" Струшко во оддел 3, кој според нашите извори од полицијата е недозволен за сеча. Тоа е на границата кај Дебар и Струга, пренесува битолскиот информативен портал Апла. 

Според истиот извор, дрвната маса била транспортирана како да потекнува од Шумско стопанска единица Стогово Дебар оддел 42- а во кој стопанисување врши приватна фирма – оператор, а надзор врз работењето и издавање на документација како да вршат вработени во Национални шуми.

Извори од шумската полиција кажуваат дека бесправно се посечени околу 2.500 стебла од бука со дијаметар од 25 сантиметри и повеќе и висина од околу 30 метри.

Вкупно посечена бесправно дрвна маса е од околу 1500 метри кубни, а одземени од страна на Шумската полиција се 94 метри кубни. Акцијата на шумската полиција продолжува.

За нелегалната сеча на дрва реагираат и од Охрид СОС повикувајќи ги надлежните да дадат одговор. 

 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе