Ману Чао им ја честита победата на пленумци (ФОТО)

Музичарот што повеќе пати настапуваше во нашата земја и што има многу фанови од Македонија, Ману Чао, веќе еднаш им искажа поддршка на пленумците, а сега им ја честиташе и победата.

Ману Чао се огласи преку својот фејсбук-профил, каде што напиша: „Студентски пленум, ви честитам. Од Богота Колумбија до Македонија. Останете позитивни и никогаш не се откажувајте од своите права. Максимален респект“.

Пораката на Ману Чао е достапна на неговата фејсбук-страница и може да ја видат сите негови 2.172.657 следбеници од целиот свет.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе