СВР Битола го истражува случајот во ОУ „Коле Канински“

Малолетнички во Битола се самоповредувале сечејќи се со нож по вратовите

Ученички од шесто и осмо одделение од Основното училиште „Коле Канински“ во Битола се самоповредувале сечејќи се со нож по вратовите, дознаваме од извор што сакаше да остане анонимен. Според истиот извор, кој ѝ е познат на редакцијата, учениците, како и нивните родители, на надлежните во училиштето им рекле дека се работи за депресија кај малолетничките, која е можно да е последица на пораки добиени на социјалните мрежи. 

Првичните изјави биле дека се работи за самоповредување што го поттикнале опасните игри „Момо“ и „Синиот кит“, но потоа децата откриле дека проблемот е депресија и разочарување поради симпатија.

Како што тврди нашиот извор, пораките што им стасувале биле со содржина дека ако ги исцртаат на вратот иницијалите на оној што им се допаѓа, можеби тој ќе им обрни внимание.

Но малолетничките воопшто и не сметале дека оваа нивна, навидум детска игра е опасна и дека ќе стаса до надлежните и до полицијата.

МКД.мк се обрати и до училиштето, но од таму само кусо ни потврдија дека директорот знае за ваквиот настан, но дека не е во училиштето за да ни даде изјава.

Дали има пријава за самоповредување на ученици од средно или основно училиште прашавме и во СВР Битола.

Од таму ни одговорија дека досега нема пријава за ваков настан, но дека случајот од училиштето во Битола се испитува.

„Пријава кај нас до сега, ниту за основно, ниту за средно училиште немаме. Но случајот се истражува и ќе се види за што точно се работи“, ни изјавија од СВР Битола.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе