Првичните изјави биле дека се работи за самоповредување што го поттикнале опасните игри „Момо“ и „Синиот кит“, но потоа децата откриле дека проблемот е депресија и разочарување поради симпатија.
Како што тврди нашиот извор, пораките што им стасувале биле со содржина дека ако ги исцртаат на вратот иницијалите на оној што им се допаѓа, можеби тој ќе им обрни внимание.
Но малолетничките воопшто и не сметале дека оваа нивна, навидум детска игра е опасна и дека ќе стаса до надлежните и до полицијата.
МКД.мк се обрати и до училиштето, но од таму само кусо ни потврдија дека директорот знае за ваквиот настан, но дека не е во училиштето за да ни даде изјава.
Дали има пријава за самоповредување на ученици од средно или основно училиште прашавме и во СВР Битола.
Од таму ни одговорија дека досега нема пријава за ваков настан, но дека случајот од училиштето во Битола се испитува.
„Пријава кај нас до сега, ниту за основно, ниту за средно училиште немаме. Но случајот се истражува и ќе се види за што точно се работи“, ни изјавија од СВР Битола.