Да бидеме хумани

Малата Сандра замина на лекување, за операцијата се потребни 12.000 евра

Малата Сандра од Крива Паланка која боледува од тумор денес замина за Белград каде треба да и бидат направени испитувања и да и се изврши хируршка интервенција. Нејзиното семејство, поради немање можност да ја плати операцијата, отвори сметка и бара 12.000 евра за лекувањето на девојчето. Денес на сметка на таткото на Сандра , ресторанот „Етно Воденица три" од Крива Паланка го донираше прометот направен во саботата кој изнесува скоро 1.000 евра, а ќе е наменет за операцијата на малата Сандра.

Да го следиме нивниот пример, да бидеме хумани, да донираме и да помогнеме за Сандра да може да оздрави и да има безгрижно детство. За да се направи операцијата, по испитувањата и недостасуваат уште финансиски средства. 

Нејзиното семејство ќе отвори и телефонска линија на која ќе можете со еден телефонски повик да донирате за да го спасиме животот на малата Сандра, а за која допонително ќе известиме. 

Број на сметка 200 - 0022909374 – 56 Стопанска Банка

На Далибор Ангеловски (татко на Сандра) со ЕМБГ 0306982424005


Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе