Заменик министерот за животна средина смирува

Макрадули по хаваријата во ОХИС: Ги уверувам жителите на Кисела Вода дека не постои никаква опасност

По вчерашните случувања во кругот на ОХИС, денес повторно е направен увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина и од Лабараторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев" од Штип, ангажирана од страна на судот, за надзор на процесот и начинот на кој се одвива чистењето“, напиша на својот Фејсбук профил, Јани Макрадули, заменик министерот за животна средина. 

„Она што е констатирано е дека инцидентот е саниран, благодарение и на брзата реакција на сите надлежни институции. Станува збор за процес на чистење на 11 видови хемикалии, кој трае 9 месеци. Сите хемикалии кои се собрани се детално испитани. Досега целиот хлор е отстранет и изнесен, како и дел од другиот опасен отпад кој се наоѓал во кругот на Охис. Oва е систем каде целосно се знае каде точно завршуваат сите овие хемикалии. Тие се препакуваат и како отпад се извезуваат надвор од државата. Откако ќе бидат собрани и обработени податоците од сите релевантни институции, ќе се донесе соодветно решение. Сакам да ги уверам жителите на Кисела Вода дека не постои никаква опасност, а тоа и го покажуваат и мерења од страна на Лабараторијата АМБИКОН, направен со PID детектор за органиски испарливи компоненти кој покажа дека нема концентрација на метил акрилат мономер во зоната на објектот“, напиша Макрадули на Фејбук. 

 

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе