Гордост и огромен успех на елитната единица

Македонските „Тигри“ први во брзо и прецизно пукање на натпревар во Јордан (ФОТО+ВИДЕО)

Тимот на македонската елитна Единица за специјални задачи „Тигар" постигнаа огромен успех во вешто, брзо и тактичко пукање и освои прво место на натпреварот што се одржува во Аман, главниот град на Јордан. Специјалците успеаја да се издигнат на врвот во една од најтешките и најсложените дисциплини во конкуренција со тимови од 40 земји од светот.

Меѓународниот натпревар на специјални единици KASOTC се одржува вопериодот од 14 до 20 април. Натпреварот се спроведува во 5 дисциплини во текот на 5 дена. Во една од најсложените дисциплини TOP SHOT, која се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и во определен број мети (вешто, брзо и прецизно пукање), тимот од ЕСЗ го освои првото место, соопштуваат од МВР.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе