Македонија ја губи битката со Бугарија и Грција на Википедија

На Википедија на англиски јазик Илинденското востание е претставено и како бугарско востание, ВМРО е основан од „македонско-бугарски“ револуционери, Делчев, Груев, Сандански и многу други се Бугари, Лазар Поп Трајков е исто така Бугарин, а Македонците во северна Грција имаат проблем со етничката идентификација... 

Вакви и слични на овие податоци може да се најдат на Википедија енциклопедијата на англиски јазик која веќе одамна стана еден од главните извори на информации за сè и сешто. И за историјата и за националните херои. Е тука, македонската викизаедница навистина ја губи битката со нивните колеги од Бугарија и Грција.

Дел од научната заедница во Македонија, заедно со дел од студентите од повеќе факултети пред неколку години најавија зголемена активност на овој план. И да, тоа имаше резултат. Ако во 2009 година на Википедија имало 39.000 единици за Македонија, сега има повеќе од 74.000 единици. Ама на македонски јазик. Тоа е и најголемиот проблем.

Еден од посериозните проблеми, според уредниците на македонската Википедија е немањето публикации, книги, енциклопедиски единици за Македонија на англиски јазик, нема доволно референци од македонски историчари. Од она што може да се види на Википедија, очигледна е доминацијата на историски дела на англиски јазик од бугарската историографија.

Балканските проблеми по појавувањето на Википедија многу брзо се преселија по викизаедниците на секоја земја посебно. Тоа, донесе специјални правила за уредување на единиците на Википедија за балканските држави, што меѓу другото подразбира малку построга селекција во однос на референците за секој напис посебно. Особено се разбира референците на англиски јазик. А тука, очигледно сме и најслаби.

Полнењето на оваа интернет-енциклопедија е волонтерска работа и според правилата на Википедија строго е забрането каква било владина инволвираност во работата на волонтерите.

Секој професор им укажува на студентите да не ја користат како референца. Туку да ги користат написите како појдовна точка и да ги истражуваат научните референци во нив...

Еве неколку интересни линкови за македонската историја на Википедија, каде што е очигледно дека покрај македонската, замешана е и уредувачка бугарска, грчка или српска рака.

А.Д.

http://en.wikipedia.org/wiki/Lazar_Poptrajkov

http://en.wikipedia.org/wiki/Ilinden-Preobrazhenie_Uprising

http://en.wikipedia.org/wiki/Ethnic_Macedonians_in_Bulgaria

 http://en.wikipedia.org/wiki/Gotse_Delchev

 http://en.wikipedia.org/wiki/Dame_Gruev

 http://en.wikipedia.org/wiki/Yane_Sandanski

 http://en.wikipedia.org/wiki/Macedonians_(Bulgarians)

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе