ДЕБАР

Македонците во Гора и Голо Брдо со лопати го чистат снегот од патиштата

Соочени со реалната ситуација и поучени од искуството од изминатите години, Македонците од областа Гора и Голо Брдо сами се деблокираат од големите снежни врнежи.

Како што пренесуваат електронските медиуми, жителите од Борје го расчистуваат снегот од патот со лопати до селото Глобочица, област Гора во Косово.

Идентична е ситуацијата и во областа Голо Брдо (со 22 села), која се протега долж албанско­ македонската граница.

„Најпрво направивме мали патеки колку да може да поминуваме се до асфалтниот пат, кој селото Требиште во должина од пет километри го поврзува со граничниот премин кај Џепиште на македонско­албанската граница, што до Дебар е на оддалеченост од петнаесеттина километри. До Џепиште одиме пешки, а потоа со комбиња на превозници од Дебар, а доколку имаме поголем мака и со такси“, вели Или Халилај, жител на селото Требиште и претседател на огранокот на Македонското друштво „Илинден“ за оваа област.

Тој, додава дека и во изминатите години, а и сега поради близината доаѓаат во Дебар каде ги обезбедуваат најпотребните намирници, јави МИА.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе