демирхисарско

Македонци со крст на чело повикуваат: Нема да дозволиме Сладуево да остане село без црква!

 Сладуево, е единственото македонско село кое нема црква, а во него постојано живеат осумдесетина жители и има седум вредни сточари што се вбројуваат меѓу најпродуктивните млекопроизводители. 

Со Господ напред да си го доградиме православниот храм „Свети Илија" за да не остане Сладуево, единственото село во Македонија без црква.

Со ваква порака Црковниот одбор и жителите од демирхисарското село Сладуево, ја благословија поддршката на граѓаните што ќе се вклучат во доградбата на црквата, која со донации од верници од земјава, како и со помош на Македонци иселени во Австралија почнала да се гради во 2007 година. Тогаш во август биле поставени темелите на храмот и како што стигнувала финансиска помош од граѓаните во текот на изминативе шест години така и се кревале камените ѕидови на објектот. Изградба на црквата ја помогнал сега покојниот Цане Трајковски, брат на Пецо Трајковски, кој се ангажирал околу донаторите и успеал да ја доведе изградбата на светиот храм како што е сега:

Ќе го продолжам делото што го почна брат ми. Тешко се собираат пари за доградба на храмот, но се надеваме дека наскоро ќе дојде и тој ден кога ќе ја довршиме фасадата и ќе ја уредиме внатрешноста на црквата со иконостасот и со фреските и иконите. Со Господ напред Сладуево нема да остане село без црква. Писмено се обративме до повеќе претпријатија, но се уште нема одговори за конкретни донации. Веруваме дека ќе ни ни помогнат со донација да ја довршиме црквата“, вели Трајковски.

Сладуево, е единственото македонско село кое нема црква, а во него постојано живеат осумдесетина жители и има седум вредни сточари што се вбројуваат меѓу најпродуктивните млекопроизводители. Венчавките Македонците во ова убаво македонско село си ги правеле дома. За крштевање оделе во црквата во соседните села, а благословот на младоженците и на невестите поп им го давал дома. Умирачките, како што велат, ги правеле на гробиштата, каде што сега се гради црквата „Свети Илија“.

И за Велигден, оделе на гробишта, таму, палеле свеќи на мртвите, раздавале храна и така го прославувале најголемиот христијански празник.

За Велигден сите одат в црква, а овде одевме на гробишта. Откако ќе ја изградиме црквата „Свети Илија“ ќе си го празнуваме Велигден како што е редот и како што тоа го прават сите Македонци и сите православни христијани во светот, со молитва и со свеќа во црква“, велат жителите.

Со помош од граѓани од земјава и со три донации од македонските иселеници од околу 3. 200 австралиски долари црквата била подигната, покриена, поставен е крстот, олтарот, обезбедени се два големи лустери и помали странични, врати и прозорци. За да ги отвори храмот вратите за верниците, да се освети мора прво да се изработи иконостасот и да се дотера внатрешноста на црквата со иконите. За изработка на иконостасот од ореово дрво потребни се околу 11.000 евра, толку им чини работата на битолските мајстори кои биле познати и по внатрешното дотерување на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Малме, Шведска, вели Трајковски, кој е член на црковниот одбор на црквата во изградба „Свети Илија“ во Сладуево.

За рачна изработка на иконостасот потребни се 6.000 евра, а за фреските и иконите на 12 апостоли 5.000 евра“, додава Трајковски.

Месното население во Сладуево имало неколку обиди да подигне православен храм. Уште во турско се собрал народот, донесол камења и друг материјал за да си го изгради местото каде што ќе може во мир и спокој да се помоли, да запали свеќа за здравје, ама не им било дозволено.

Преданијата велат дека ксметот Сладуево кое било чифлик на двајца браќа со векови да биде село без црква го оставил турскиот мудур од соседното село Привилци. Тој не им дозволил на селаните да градат црква во тоа село, туку во друго – во соседното Журче.

Господ, рекол поинаку, дека во Сладуево ќе има црква и тоа во чест на пророкот свети Илија, која ќе ја изградат Македонци, родум од селото со помош на пријатели, добронамерници од земјава и надвор од неа.

С.М.

Граѓаните што ќе сакаат да помогнат во доградбата на црквата „Свети Илија“ може да донираат:

жиро-сметка:
500-000000-5575-83
Стопанска банка АД Битола

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе