НОЌЕСКА

Нов бунт во Центарот за мигранти во Гази Баба (ВИДЕО)

Локалните граѓани во Гази Баба околу полноќ повторно слушаа викање и тропање во Прифатниот центар за странци. На видеото што го пласираа активисти се слуша како мигрантите извикуваат „Сакаме слобода“.

Мигрантите кои се сметени во импровизираниот Центар, кој порано беше детска градинка бараат да бидат преместени во Центарот за азил во Визбегово, пишува НоваТВ.

Вчера полицијата успеа да го смири бунтот со ветување дека ќе ја забрзаат постапката за префрлување таму. Екипа од институцијата Народен правобранител веднаш замина таму и започна опсежна истрага за состојбата во Центарот. 

До пладне во Центарот беа сместени околу 260 бегалци, иако капацитетот е за 140 луѓе, а синоќа таму се донесени уште 120 мигранти кои полицијата ги пронајде во Ваксинце.

Народниот правобранител за денеска најави прес конференција за актуелната состојба со бегалците. 

 

ПОВТОРНО БУНТ ВО ГАЗИ БАБА -.прифатниот центар за странци!

Posted by Mersiha Smailovic on Thursday, 11 June 2015

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе