Листерија и во Тетово, заболен 48-годишен маж

На Инфективната клиника во Скопје регистриран е уште еден паиент заболен со бактеријата листерија. Се работи за маж од Тетово на 48-годишна возраст кој е во стабилна состојба.

Надлежните институции се уште испитуваат кој е виновен за ширењето на бакетријата листерија. Биле обработени уште десетина мостри, а резултатите покажале дека се негативни - информира Агенцијата за храна и ветеринарство. Мостри се земени од производителите, продавниците, дистрибутивните центри. Ќе се земаат брисеви и од машините за производство. Се чекаат резултати од околу 300 земени примероци.

Министерството за здравство поднесе кривичната пријава против непознат сторител. Од смрттоносната бактерија листерија досега заболеа осумина, четворица од нив починаа.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе