Тројцата команданти што ДУИ ги предложи за место во Владата

Лика, Дураку и Џемаили, од обвинети во Хашки случаи и припадници на УЧК до министри

Хазби Лика и Садула Дураку се имињата кои ДУИ ги предложи во Владата на сегашниот премиер Зоран Заев за министри. Нивните имиња во јавноста беа изненадување бидејќи ги поврзуваат со УЧК и со ОНА. Ново изненадување кое од вчера ја разбранува јавноста е името на Хисен Џемаили кој е предложен за министер без ресор, а кој во јавноста е познат од конфликтот во 2001 година како припадник на ОНА и обвинет во случајот со „Мавровските работници".

Премиерот Зоран Заев вчера од коалицискиот партнер ДУИ доби друг предлог за министер без ресор за странски инвестиции. Првиот предлог беше Ибрахим Дехари, а од вчера тоа е Хисен Џемаили.

Тој е асистент – професор по географија на Тетовскиот универзитет. Претходно тој беше советник во општина Тетово, а во мандатот од 2008 до 2011 беше пратеник.

Џемаили кој во конфликтот во 2001 година беше во редовите на ОНА, ќе остане запаметен и како обвинет во еден од четирите Хашки предмети и како еден од пратениците на кој му беше одземен имунитетот. Тој беше обвинет за Хашкиот предмет „Мавровски работници". Тогаш по Џемаили беше распишана потерница бидејќи два месеца не се појавуваше ниту во Собранието ниту во суд.

Откако Собранието во 2011 година го донесе Автентичното толкување на Законот за амнестија, Хашките предмети беа затворени.

Претходно, Лика стана вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, а Дураку министер за животна средина.

Хазби Лика алијас командант Чела е македонски политичар, поранешен член на терористичка ОВК и ОНА и поранешен градоначалник на Тетово. Во 2003 година од СДСМ бил назначен на местото заменик министер за внатрешни работи.
Лика бил командант во Тетовско за време на конфликтот во 2001 година и е едно од имињата од ОНА што најмногу се споменуваа дека стојат зад масакрот на македонските безбедносни сили во Вејце.

Бил градоначалник на Тетово од 2005 до 2009 година.

Медиумите, пак за Дураку пишуваа дека со уште двајца припадници на тогашната ОНА, во 2001 го завртел вентилот за довод на вода кој се наоѓа на Липковското Езеро. Тогаш Куманово беше речиси два месеца без вода.
Случајот е познат како „Липковска брана". Кумановци Дураку на шега го нарекуваат „командант Вентили".

Во 2007 полицијата го приведе Дураку, а судот му одреди мерка притвор. Дураку се товареше за велепредавство и загрозување на територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за воени злосторства против цивилно население.

Одбраната на обвинетите за тероризам во случајот Диво Насеље за сведоци повикаа голем број политичари, меѓу кои и Садула Дураку.

 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе