По анализата направена во МАНУ

Лицето вратено од Занзибар е заразено со британскиот, а не со јужноафриканскиот сој на вирусот

Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2. Во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет кој исто така патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран, велат од Министерството.

Министерството за здравство претходно извести дека до Комисијата за заразни билести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји, поради страхување од ширење на јужноафриканската варијанта на ковид-19.

Претходно објавивме дека е хоспитализиран еден маж  кој со симптими на коронавирусот се вратил од туристичко патување во Занзибар, Африка.

„Има еден пациент кој ни дојде од Битола ненајавено. Во петокот слетал од Истанбул од Танзанија патувал, во Занзибар. Таму бил 15 дена со сопругата и два дена пред да дојде кренал температура. Дојде со висок креатинин и потврден на коронавирусот, без да ни кажат од битолската болница дека патувал во Африка, со што постои ризик. И вчера инсистиравме да се префрли во 8 Септември. Уште го немам вклучено на дијализа, стабилен е меѓутоа податоците отпосле се дека сопругата му била хоспитализирана во Скопје и заедно биле на пат. Сатурацијата му е добра", изјавил доктор Попоски.

Занзибар стана популарно место за патување, не само поради тропската клима и Океанот, туку и заради тоа што тамошните власти не бараат ПЦР тест, ниту пак има посебни здравствени мерки.

 

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе