Земени биле брисеви и испратени во ИЈЗ

Лекарите од Институтот за судска медицина направија обдукција на починатиот притвореник заразен со ковид-19

Во Институтот за судска медицина во Скопје е направена обдукција на притвореникот од Шутка кај кого после смртта е дијагностициран ковид-19. Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков за МКД.мк вели дека на починатиот притвореник му се земени брисеви кои потоа се пратени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје и утврдено е дека е заразен со ковид-19. 

„Направена е обдукција на починатиот притвореник. Овде кај нас му се земени брисеви и истите се пратени во Институтот за јавно здравје. Резултатите од таму покажаа дека има ковид-19. Но, причина за смртта ќе се знае откако ќе бидат готови лабораториски и хистопатолошките испитување кои се во тек", вели доцент д-р. Станков.

Тој додава дека сите обдукции кои во периодов на пандемија се прават во Институтот за судска медицина, се третираат како обдукции со висок ризик и лекарите работат со целосна заштитна опрема која е набавена, а целосна дезинфекција се прави и на просториите.

К.Д.

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе